Дневен хороскоп

Овен  

Пресокнете го утринското кафе, направете си здрав појадок. Целиот ден ќе ви тече според планот и поради тоа нема да имате грижи. Главоболката која може да ви се појави излечете ја со одмор и релаксација во својот дом.

Бик

Партнерот толку многу ќе ве усреќи толку многу што нема да имате време да мислите на ништо друго. Вашата среќа зависи само од тоа дали доволно ја посакувате.

Близнаци

Мислите нема да ви се оттргнат од вашиот партнер. Толку многу ќе ви биде жал за сѐ што сте му сториле, што цел дена нема да можете да се расположите. Признајте си ги грешките, кој признава – половина му се простува.

Рак

Иако утринското будење ќе ви биде тешко, денот ќе ви започне како песна. Сѐ ќе ви оди од рака и поради тоа ќе направите среќни многу луѓе кои се наоѓаат во вашето опкружување.

Лав

Иако мислите дека монотонијата ќе продолжи и денес, некој ваш пријател или познаник ќе ве покани на прошетка или дневно кафе. Имајте позитивни мисли за и позитивни работи да ви се случуваат.

Девица

За да се чувствувате убаво во сопствената кожа, денот почнете го со утринска гимнастика. Наместо да седнете на кафе со твоите пријатели, договорете се да пешачите. При дневната прошетка, можна е средба со некој од бившите партнери.

Вага

Наместо работите да ги преправате во своја полза, размислете малку како се чувствува и спротивна страна. Можна е мала караница со некој близок, но брзо ќе се среди и нема повеќе да бидете вознемирени.

Скорпија

Започнете да планирате некое патување. Тоа ќе ви ги оттрне вашите мисли и ќе се чувствувате поубаво. Пријателите ќе сакаат да ве одведат на некоја забава, не ги разочарувајте, придружете им се.

Стрелец

Иако имате негативно мислење за претстојниот период, ве очекува пријатно изненадување. Денот ќе ви биде толку исполнет, што сосема ќе заборавите на сѐ што ви претставувало грижа во претходниот период. На крајот од денот ќе се чувствувате полесно бидејќи ќе завршите обврска која ви стоела на глава.

Јарец

Поради вашата снаодливост, неделата ќе ви започне многу позитивно. Но, доколку еднаш ви се посреќило, немојте да мислите дека среќата ќе ве прати постојано, спуштете се на земја.

Водолија

Пред да ги донесете денешните одлуки, добро размислете. Поради вашите избрзувања можно е да направите грешка на вашето работно место, за која подоцна ќе се каете.

Риби

Денот започнете го со насмевка. Колку попозитивно влезете во оваа недела, толку поголео ќе ви биде расположението на вас и на вашите блиски. Здравјето е добро, но можна е мала главоболка поради честите промени на времето.

Коментари

Популарно