ФОТО: Петре Шилегов доби ваучер за такси од граѓаните

Пред изборите Петре Шилегов им ветуваше многу работи на скопјани. Проекти, кои според неговите зборови ќе го направеа животот во градот подобар, сепак еден од неговите главни проекти е проект кој граѓаните го гледаат со потсмев.

Додека градот Скопје има голем број проблеми со диви депонии, со воздухот кој и на овие температури во одредени денови беше екстремно загаден и со уште многу други работи, градоначалникот како приоритет го стави давањето ваучери за такси за пијани луѓе во кафеаните.

Скопјани на оваа одлука реагираа со потсмев, па секојдневно сме сведоци на нови шеги со ваучерите на Шилегов. Последен пример е ваучерот кој е поставен на неколку места во Градскиот парк на кој е ликот на скопскиот градоначалник.

Креативните скопјани на овој ваучер напишале дека е даден во угостителскиот објект „Меана кај Вицето“, додека оној кој го добива е градоначалникот Петре Шилегов, за дестинацијата до каде што треба да стигне е Собранието на градот Скопје.

Инаку, ваучерот на Шилегов беше една од главните теми на социјалните мрежи, еве дел од шегите кои беа направени за овој проект на градот Скопје.

Коментари

Популарно