Ексклузивна фото галерија од свадбата на Мартин Вучиќ: „Рано ми е да се врзам“ ја испратив во историја!

Музичарот Мартин Вучиќ вчера направи гламурозна свадба со својата избраничка Сања во ресторанот „Ла Тана“ во Скопје.

Поранешниот поп пејач, а денес дел од Македонската Филхармонија и успешен музичар на ударни инструменти, успеа да собере добар дел од естрадата и шоу бизнисот на свадбената забава, како и голем број на познати јавни личности, со кои го прослави почетокот на заедничкиот живот со долгогодишната девојка Сања.

Музичарот кој пред околу петнаесет години го отпеа хитот „Рано е да се врзам“ кој потоа стана еден вид на химна на момчињата кои не брзаат да стапат во брак или сериозна врска, за „Фокус“ вели дека „Рано ми е да се врзам“ отиде во историјата.

-Долгогодишната врска со Сања ја крунисавме со брак, во присуство на многу роднини, пријатели, драги гости. „Рано ми е да се врзам“ отиде во историјата, бидејќи јас веќе поодамна се врзав со љубов – вели Вучиќ.

Елегантни, млади и убави, Мартин и Сања ги воодушевија гостите. Расположени, среќни за новото поглавје во животот, со репертоар од народни до забавни песни, тие имаа свадбена забава за која долго ќе се прикажува. Во тек на вечерта, микрофонот патуваше од рацете на Мартин, татко му Драган, па и кај гостите кои од срце со песна му посакаа љубов и среќен живот на младите. На видео бим, честитки упатија и голем број на познати балкански музички ѕвезди помеѓу кои и Здравко Чолиќ, Златко Пејковиќ и други.

Тој е син единец на популарниот ТВ водител и поранешен музичар Драган Вучиќ и Весна, ќерка на легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Токму поради нивната поврзаност со музиката, која отсекогаш била дел од нивните животи, на свадбата имаше голем број на музичари. Весна и Драган пак, горди на својот син, беа едни од највеселите на свадбата.

Вики Клинчарова

Коментари

Популарно