Владиката Пимен му возврати на Владиката кој кажа дека за Македонија и камења ќе јаде

Владиката Пимен му возврати на костурскиот митрополит Срафим, кој на протестите за одбрана на Грчка Македонија кажа дека ако е потребно „за Македонија и камења ќе јадеме“.

Тој му кажа дека можеби камењата може да се изедат, но срамот не се јаде.

– Христијанство пред 20 века:

Христос се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!”

Христијанството денес:

Серафим се исправи на протест и рече: “Ај да ги изедеме камењата, па да нема кој да фрла веќе камења”

П. С. Камењата можеби и ќе се изедат, но срамот не се јаде, напиша Пимен.

Коментари

Популарно