Како ослабна Дани Димитровска?!

Со протеински режим на исхрана и со физичка активност, Дани Димитровска значително успеа да ја намали тежината. Познатата пејачка вели дека не е важно колку килограми ослабела, туку дека новиот начин на исхрана одговара на нејзиниот стил на живот.

Самодовербата никогаш не ми зависела од сопствениот изглед. Секогаш сум била свесна и благодарна за сето она што го поседувам, вели Дани.

Во принцип, целата моја исхрана се состоеше од протеини, пет пати во денот во помали колични на готова храна и напитоци, во првите два месеци. Потоа почнав да јадам месо и белки од јајца.- Дани

„Продимед” се моите сојузници за моменталнава форма што ја имам. Бев подучена со поинаков начин на исхрана предводена од нутриционист. Во комбинација со физичка активност за тие три месеци, се навикнав на еден фин начин во кој уживам. Во мојов случај, нетипичниов метод овозможи процесот на добивање на посакуваното да биде здрав, избалансиран и комплементарен со начинот и со стилот на мојот живот“, ни раскажа Дани.

Првите два месеци, таа внесувала само готова храна и протеински напитоци од истата фирма, а третиот месец, почнала да внесува природни протеини во форма на месо и белки од јајца.

Коментари

Популарно