Иванов ги набркал Заев и Димитров од Вилата на Водно

120 секунди траела средбата меѓу претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Иванов ги прашал Заев и Димитров дали ја имаат на писмено спогодбата со Грција. Откако добил потврден одговор, претседателот на премиерот и шефот на дипломатијата само им рекол дека нема потреба да го продолжат состанокот.

На денешната средба закажана за во 10 часот Иванов требаше да ги добие сите детали околу вчера постигнатиот договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров  изјави дека „ќе нè биде... и покрај Иванов". Димитров вели дека Иванов нема право да одлучува во името на граѓаните.

„Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме сѐ од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните. Ќе не биде... и покрај Иванов", изјави Димитров.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во 17 часот ќе се обрати пред јавноста во врска со договорот за името со Грција.

Коментари

Популарно