Клучни правила за бонтон: Мобилниот не смее да стои на маса, кога парфемот е некултурен…

Воспоставените правила на бонтон донекаде се познати иако ретко кој е подготвен да ги почитува. Бесмислено е да ги учите бидејќи секако тоа не е начин за  ој треба се учи. Како подсетник направивме листа од 15 правила за кои ретко кој знае а не постои личност на која нема да оставите посебен впечатк.

1. Ако речете: „Те поканувам“, тоа значи дека вие плаќате. Ако речете: „Ајде да одиме во ресторан“, тогаш секој си го плаќа својот трошок.

2. Никогаш немојте да одите на гости ненајавени. Една британска дама го нашла совршеното решение за овој проблем. Кога ќе ѝ дојделе ненајавени гости, набрзина облекувала чевли и посегнувала по шеширот. Ако ѝ се допаднела личноста, велела: „Само што се вратив дома!“ Во спротивниот случај: „Ах, каква штета, само што излегувам од дома“.

3. Никогаш во јавност не оставајте го мобилниот телефон на масата. Ако го направите тоа, покажувате колку важна улога игра овој уред во вашиот живот или, уште полошо, дека ви е здодевно и дека во секој момент сте подготвени да „дремете“ на „Фејсбук“ или на „Инстаграм“.

4. Немојте да одите на состанок ако планирате цела вечер да „висите“ на мобилниот телефон.

5. Ако се движите заедно со друга личност по улица и ако таа личност се поздрави со некого, треба и вие да го сторите тоа.

6. Повеќето луѓе веруваат дека правилен начин за јадење суши е со помош на стапчиња. Меѓутоа, мажите, за разлика од жените, може да јадат и со раце.

7. Обувките секогаш треба да ви бидат чисти.

8. Ако некој ве навреди, немојте да му возвраќате во иста мера или да го подигнете тонот на гласот. Никогаш не спуштајте се на негово ниво. Насмевнете се и оддалечете се од безобразните луѓе.

9. Мажот би требало да се движи од левата страна на жената.

10. Девет нешта што би требало да останат тајна: годините, богатството, семејните расправии, религијата, здравствените проблеми, љубовните афери, подароците, честа и срамот.

11. Во театар, на кино или на концерт, треба да дојдете до своето место свртени со лицето кон оние што се веќе седнати.

12. Ако некој безобразно ви се обрати со „Ти таму!“, немојте да се оѕвиете.

13. Златното правило при користењето парфеми е умереноста. Ако го почувствувате и во доцните вечерни часови, тогаш сте претерале.

14. Кога ќе влезете во просторија полна со луѓе, вие први треба да се поздравите со присутните.

15. Ако некој ви простил откако сте се извиниле, немојте повеќе да ја отворате таа скокотлива тема.

Коментари

Популарно