Можен дожд со грмежи, но невремето доаѓа утре

Денеска е четврток, 14 јуни 2018 година, 165-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 200 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 57 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути.

Денов трае 15 часа и 12 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 20 часот и 50 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 19 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 30 степени. 

Во петок во текот на целиот ден времето ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Коментари

Популарно