Мајката на Никола Димитров: Промената на името значи самоликвидација!

Ратка Димитрова, мајка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, како пратеник во Македонското Собрание, на 7 април 1993, изјавила дека промената на името ќе значи самоликвидација.

- Почитувани пратеници, сега во минута до 12 ни останува да констатираме дека со прифаќањето на овие услови за прием се отвора процес на државна и национална самолкивидација. Од моментот на преименувањето престанува реалноста на РМ. Името е проект. Проектот суверена и самостојна Република Македонија темелно се деструира. – рекла Димитрова.

Во стенограмот од седницата, кој може да се најде на следниот линк на страницата на Собранието, Димитрова додава дека барањето за промена на името е кршење на човековите права на Македонците.

Иронијата на историјата ја донесе госпоѓа Димитрова, до тоа нејзиниот син да биде еден од главните актери во промената на името.

Коментари

Популарно