(ВИДЕО) За 26 години од Антарктикот се стопиле 3 милијарди тони лед

84 научници од 44 меѓународни организации дојдоа до фрапантни податоци од нивното истражување и покажа дека топењето на мразот на Антарктикот го покачило нивото на морињата и океаните за 7,6 милиметри од 1992 година досега, а речиси половина од тоа покачување се случило во последните пет години.

Ендрју Шепард од Универзитетот на Лидс во Обединетото Кралство и Ерик Ајвинс од Лабораторијата за млазен погон на американската НАСА се координатори на групата научници која истражувала користејќи сателитски снимки за да утврдат како се менува топографијата од покривката од мраз на Јужниот континент.

Истражувањето објавено во научната ревија „Нејчер“ покажала дека до 2012 година, кога била спроведена претходната ваква студија, Антарктикот губел 76 милијарди тони мраз секоја година, покачувајќи го морското ниво за 0,2 милиметри годишно.

Но оттогаш стапката на топење на антарктичкиот мраз е трипати поголема. Меѓу 2012 и 2017 година, Антарктикот губел 219 милијарди тони мраз секоја година, покачувајќи ги во истиот период нивоата на океаните и морињата за 0,6 милиметри секоја година. Инаку, кога би се растопил сиот мраз на Антарктикот, нивото на морињата и океаните би се зголемило за 58 метри.

Коментари

Популарно