ВИДЕО: Полицијата со солзавец ги растури демонстрантите против договорот за името

Полицијата вечерва употреби солзавец против демонстрантите кои се собраа денеска пред Парламентот во Атина на протест против договорот за името на Македонија.

Солзавец е фрлен против демонстраните кои се обиделе да се качат по скалите пред парламентот.

Протестот почна на плоштадот Синтагма. Демонстрантите носеа знамиња на Грција и знамиња со ѕвездата Вергина. Организаторите повикаа на нов протест утре во Преспа, каде што треба да биде потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.

Истовремено со протестите, во грчкиот парламент течеше дебатата за барањето на опозициската Нова демократија за изгласување недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот со Скопје.

Коментари

Популарно