Запознајте ја новата држава „Република Северна Македонија”

Запознајте ја новата држава „Северна Македонија“ (Meet a new country: “Northern Macedonia“). Ова е наслов на текстот во дигиталното издание на влијателниот британски медиум „Економист“.

Весникот во своето печатено издание во текст со наслов „Во име на мирот“ објавува анализа за договорот за името меѓу Македонија и Грција во која објаснува дека по 30 години конфликт двете земји се договориле Македонија да се нарекува Северна Македонија.

Во текстот освен за историјата на конфликтот за името Економист пишува за пофалните зборови што Ципрас и Заев ги добиле од светските лидери како и за проблемите со Каменос, грчката опозиција и претседателот Иванов кој одби да го прифати договорот.

Според Економист договорот ќе и овозможи на Македонија брзо да се придружи на ЕУ и НАТО со што ќе се олабават западните влади кои се уште се плашат од ентички конфликти во земјата

Коментари

Популарно