ВИДЕО: Москва не е нападната на ИСИС борци

Таксист, кој вчера налета меѓу луѓе на тротоар во центарот на Москва, близу до Црвениот плоштад, не бил под дејство на аклохол, туку заспал на волан, соопштила извор одслужбата за вонредни ситуации.

Во тој инцидент повредени се осумина, навивачи кои дошле на Мундијалот.

Извори за агенцијата Тас с рекле дека таксистот е од Киргизија.

Во Русија престојува легално и дека ги има сите неопходни документи за работа.

Агенцијата Интерфакс наведува дека таксистот заспал за време на возење и случајно притиснал на гас.

Возачот е приведен и спроведен во локалната полициска станица.

РИА Новости пренесуваат, таксистот рекол дека немал намера да налета меѓу луѓето.

Како што пренесува Интерфакс, никој од повредените не е во критична состојба, само една жена се здобила со повреди.

Ројтерс наведува дека хоспитализирани се двајца Мексиканцим двајца Руси и еден Украинец.

Коментари

Популарно