Никогаш нема да ја знаете вистината за вашиот пенис сè додека не ги прашате бившите девојки

Во зависност од тоа по каква основа сте го добиле овој статус, вашите бивши веројатно се најдобриот авторитет за оваа проблематика. Не само што ќе ви завршат работа повеќе од кое било научно истражување и класификација, туку ќе ви ги отворат очите за одредени ставки за кои не сте ни имале поим дека некој им обрнува внимание.

Генералниот консензус на бившите девојки на Дејви Ротбарт е дека пенисот му е "средна големина ама врши работа."

Она што го открива по пат е дека:

- Негова бивша девојка имала врска со ММА борач кој имал огромен пенис, ама неговата "преголема самодоверба функционирала во сексуални ситуации, но не и за долги врски."

- Девојките обрнуваат внимание на текстурата и формата на вашиот полов орган.

- Исто така кај различни мажи е различна и тврдоста на пенис во ерекција. (И тука важи златна средина - "Имав еден дечко што му беше тврд како маркер. Сексот со него беше како вонземјани да ти ставаат сонда.")

- Совет: ни една жена не е задоволна од мал пенис, ама ќе биде повеќе од задоволна ако си добар со други работи.

(Исто така, без разлика на големината жена секогаш ќе најде начин да не те навреди во споредбата со други мажи, и да ти најде некоја карактеристика по која што си ти најдобар. Тоа треба да се почитува.)

Коментари

Популарно