Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ кој се сликаше со Заев и Ципрас во Преспа

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствуваше и тој.

Во телефонски разговор со Локвенец, тој изутринава не сакаше да го коментира настанот, упатувајќи на повеќе информации во билтенот на МВР.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен синоќа во 23.05 часот во СВР-Битола. Пратеникот Локвенец пријавил дека околу 23 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил  изгаснат. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно