Град во рок од 20 минути покоси сѐ

Силно невреме проследено со град, кое ги погоди лозничките села Јелав, Стража и Доњи Добриќ во Србија ги уништи скоро сите насади, овштарници и ниви.

Според зборовите на мештаните, невремето кое се случи во неделата попладне траело 20 минути, но мештаните велат дека имало град каков не паметат, кој целосно ги уништил капините, пиперките, доматите и овошјето пренесува РТС.

Како што е наведено, Јелав нема противградна станица, туку селото го покриваат станиците од Стража и Доњи Добриќ, а стрелците на двете противградни станици испалиле по 4 ракети.

Коментари

Популарно