(ФОТО) Во црно ама проѕирно: Алачки го ослободи сексапилот во елегантно издание како гостинка на свадба

По многуте патувања низ светот за презентација и промоција на македонската традиционална кујна, снимањата на емисии, како и настапите како пејачка, Адријана Алачки периодов е на домашна територија.

Изминатиот викенд таа беше поканета како гостинка на една свадбена прослава каде како што е ред се подготви во елегантно и женствено издание.

Алачки не ретко знае да изненади со изгледот кога се во прашање настапите и присуството на свечености.

Ако преку ден е нешто по конзервативна, па и традиционална на снимање, за останати прилики знае да ја изнесе провокацијата од себе.

Овој пат облече транспарентен горен дел под кој се гледаше нејзиниот црн градник и бујното деколте.

Фотографиите на најдоа на нејзиниот Инстаграм профил каде се пофали дека имала забавен викенд, но секако и со комбинацијата која ја имаше на себе.

Коментари

Популарно