Бившиот сопруг на Анџелина Џоли: „Се разведовме само поради оваа причина“

Били Боб Торнтон, бившиот сопруг на Анџелина Џоли, изјави дека времето поминато во брак со Анџелина Џоли му било прекрасен период од животот.

„Таа уште е моја пријателка, прекрасна личност која има направено многу добри работи“, изјави актерот во врска со славната актерка и режисерка Анџелина Џоли, со кој беше во брак од 2000 до 2003 година.

Тој додаде дека се восхитува на нејзините филмови, а за списанието People 62-годишниот Торнтон одлучи да открие детали од нивниот турбулентен брак кој редовно го привлекуваше вниманието на медиумите. Најпознат детал од нивниот брак беа приврзоците со нивна крв кои тие ги носеа околу своите вратови, за кои Торнтон објаснува дека таквата идеја им дошла спонтано и дека целата приказна не била толку бомбастична колку што ја напумпале медиумите.

„Го прикажуваа тоа како околу вратовите да носиме канти со нашата крв“, изјави тој.

Били ја откри и, како што рече, единствената причина поради која пропаднал нивниот брак: „Имавме различни животни стилови, таа беше спремна за слава и јавни појавувања, а јас со мојата извесна агорафобичност, си го сакав својот затворен свет без луѓе. Тоа е единствената причина поради која не останавме заедно“, објасни тој.

Коментари

Популарно