Оглас за вработување во Министерство за образование и наука

Министерство за образование и наука

За потребите на Проектот за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитацијана основни и средни училишта на Република Македонија објавува:

ОГЛАС

За ангажирање на стручно лице за следната позиција:

1. Проект менаџер, 1 позиција

Услови:

Високо образование -Универзитетска диплома од област на градежништво

Раководни способности, комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост, способност за тимска работа, способност за аналитичка работа, способност за решавање наконфликти, спосоност за работа под притисок;

Познавање на работа со компјутери (MS Office)

Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик;

Најмалку 10 (десет) години работно искуство во областа на градежништво, проектен менаџмент, работа на проекти финансирани од странски банки.

Познавање на планирање и спроведување на јавни набавки за стоки. градежни работи и технички услуги

Планирање и спроведување на буџет

Учество во постапки за јавни набавки за стоки, услуги и работи

Возачка довола Б категорија

Искуство во работа на проекти финансирани од Банка за Развој при Советот на Европа какои раководење на истите ќе се смета како предност

Ангажирањето на стручното лице е во период на траење на Проектот со право на продолжување.

Кандидатите е потребно да бидат амбициозни, комуникативни, тимски ориентирани сопозитивен приод кон работата. Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат:

1. Кратка биографија на македонски јазик (CV);

2. Писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за конкретната позицијаза која се изразува интересот во рок од 5 дена од објавување на огласот, во хартиена форма наследната адреса:

Министерство за образование и наука

Бул. „Св. Кирил и Методиј” бр. 54

1000 Скопје

со назнака: за Проект 145 училишни спортски салипо оглас за позиција

Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати.

Коментари

Популарно