Детал кој ќе ве остави во неверување - се за луксузната свадба на Пријовиќ и Филип

На венчавката на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ ќе дојдат гости од цел свет, ќе служат 160 келнери, додека една од најскапите ставки ќе биде изнајмувањето на 120 соби за дел од гостите во еден од најлуксузните белградски хотели.

Идните младенци ангажирале приватно обезбедување, од кое 60 телохранители ќе ги чуваат гостите, додека келнерите ќе служат повеќе од 900 луѓе на прославата.

Освен тоа, идниот свекор Боба Живојиновиќ, кој инаку е главниот организатор на свадбата, резервирал соби во хотелот за на гостите да им пружи комфор.

Пред неколку дена од Кина стигнаа украсните кристали, а Боба и Стефан неодамна купиле вол од 500 килограми, кој ќе биде симбол на долг и среќен брак.

На менито ќе има познати специјалитети, од хрватското рибно мени, а од Црна Гора морски плодови, додека од Босна скара.

Младите судбоносното „ДА" ќе го кажат во четврток 21-ви јуни, а неколку дена порано ќе потпишат и пред брачен договор.

Коментари

Популарно