Конечно сончев ден

Денеска е среда, 20 јуни 2018 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 194 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот и 27 минути, а ќе зајде 40 минути по полноќ.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а  дневната од 23 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во петок ќе започне да дува умерен до засилен северозападен ветер и кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи. За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен локален дожд.

Коментари

Популарно