Колкава е просечната плата на менаџер во „Фершпед“?

Просечната месечна бруто плата на член на Управниот одбор на најголемата македонска шпедитерска компанија лани е 3.300 евра, објавено е во годишниот извештај на „Фершпед“

Просечната бруто плата на член на Управниот одбор на „Фершпед“ била 3.300 евра месечно, наведено е во годишниот извештај за работата на Управниот одбро на „Фершпед“ за 2017 година.

Според извештајот, „Фершпед“ лани за своите 6 члена на Управниот одбро исплатил бруто износ од 14,65 милиони денари за плати и уште 2,2 милиони денари за регрес за годишен одмор и за осигурување.

Ова значи дека просечно месечно секој член на Управниот одбор имал бруто плата од 203.540 денари односно околу 3.300 евра. По одбивање на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување останува кои изнесуваат околу 1.000 евра на просечната бруто плата на менаџер во „Фершпед“ останува дека просечната нето плата изнесува околу 2.300 евра. 

Според официјалните податоци во Управниот одбор на „Фершпед“ членуваат: Иван Петровски, кој воедно е и претседател на одборот, Драган Наков кој воедно е и акционер кој контролира над 11отсто од акциите, потоа Зоран Тодоровски и Зоран Арнаудов, Цаца Зикова и Александар Илиевски.

Се подразбира дека сите членови не земаат линеарно односно немаат исти плати туку конкретниот износ се регулира во секој поединечен менаџерски договор на секој од членовите на компанијата.

Како работеше „Фершпед“ во првиот квартал годинава?

Во првите три месеци „Фершпед“ има оперативни приходи од 809,2 милиони денари од кои приходи од продажба се 807,9 милиони денари. Доминантно е учеството на домашниот пазар во структурата на сите приходи од продажба. На домашниот пазар „Фершпед“ реализирал 781,5 милиони денари и тоа е за 22 отсто односно 141,5 милиони денари повеќе од истиот период лани. Приходите од странски пазар на „Фершпед“ се повеќе од преполовени во споредба со лани и изнесуваат 26,4 милиони денари.

Оперативните расходи на „Фершпед“ растеле значајно побавно од растот на приходите од продажба и тука е тајната на успех на најголемата шпедиција. Во услови кога приходите од продажба пораснале за повеќе од 110 милиони денари неговите расходи пораснале за 79 милиони денари. „Фершпед“ заштедил на набавна вредност на трговските стоки, но го зголемил износот на услуги со карактер на материјални трошоци за 90 милиони денари до износ од 554,5 милиони денари. Оперативната добивка достигнала половина милион евра односно над 30 милиони денари. Во однос на лани пораснала за 5,5 пати.

Значајно намалени финансиските расходи!

Охрабрувачки за сите акционери на „Фершпед“ е значајното кратење на финансиските расходи во првиот квартал годинава. Тие се пониски за 41 отсто во однос на истиот период лани кога изнесувале 4 милиони денари. Сега биле 2,36 милиони денари. Тоа значи дека „Фершпед“ во значајна мерка се растоварил од кредитни или од каматни обврски.

Коментари

Популарно