(ВИДЕО) Непромислен потег на еден турист: Сакаше да го погали лавот, но набрзо горко се покаја

Група туристи кои се упатиле на сафари по пустината и резерватите за диви животни ќе го паметат ова патување цел живот. Имено, еден од групата се решил низ отворениот прозорец на џипот да го погали лавот.

Непромислениот потег можел да го чини живот, бидејќи лавот во следниот момент се свртел и почнал да рика, а туристите се испаничиле.

Јужноафриканскиот сафари ренџер Нас Смит изјавил дека само оние кој работат во дивината знаат колкава е брзината на лавот и оти би можел да му ја смачка раката во секунда.

„Лавот е способен да го извлече тој турист низ отворениот прозорец и веднаш да го убие пред неговите пријатели. Имале среќа што побегнале. Тоа е веројатно најглупавата работа која некој ја направил“ – напомнува ренџерот.

Нас изјавува дека доколку лавот сакал можел да влета низ прозорецот и сите да ги убие.

Коментари

Популарно