„Сите сити“ обезбеди 12.500 оброка за социјално загрозени граѓани

Системот за донирање на вишок храна „Сите сити“, кој има за цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите, туку да се пренамени онаму каде е реално неопходен, успеа за само два месеци да спаси 4 тона храна и со тоа да обезбеди 10.000 оброка за социјално загрозени граѓани.

Станува збор за големи количества на овошје, зеленчук, житарки, сокови, кондиторски производи, млеко и други видови на храна, која само затоа што е со пократок рок или нема побарувачка за неа на пазарот, со сигурност би завршила на депонија.

Интересот кај бизнисите и хуманитарните организации да се вклучат расте, а дополнително десеттици волонтери се пријавуваат после своето работно време да помогнат во дистрибуцијата на храната до социјално загрозените граѓани.

„Сите сити“ почнува да станува двигател на хуманоста и солидарноста во Македонија. Се надеваме дека овој систем ќе ја постигне зацртаната цел да спаси 60 тони храна и да обезбеди 200.000 оброка до март 2019 година.

Воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија, „Ајде Македонија“ го создаде со поддршка на Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис

Коментари

Популарно