(ВИДЕО) Нови проблеми за Меган Маркл: Нејзиниот татко за 7.500 фунти ги разоткрил сите нејзини тајни!

Членовите на нејзиното семејство никако да престанат да ја срамат Меган Маркл.Освен што нејзината полусестра малку – малку па ќе се појави со нова „плунка“ упатена кон војвотката од Сасекс, сега е откриено дека нејзиниот татко, Томас, земал пари за последното интервју во емисијата „Good Morning Britain“ (Добро утро Британијо). 

Пензионираниот мајстор за светло на филм се расприкажал за деталите од односот со својата ќерка и принцот Хари, а за тоа, според Daily Mail земал 7.500 фунти.

Томас Маркл и пред венчавката заработил 100.000 фунти договарајќи со папараците да го снимаат и да ги продадат тие фотографии, а кога била откриена неговата „игра“ се извинил и завршил во болница.

Водителот на емисијата, Пирс Морган, тврди дека парите не биле примарниот мотив на Маркл за интервјуто, туку само сакал на Британците да им ја раскаже својата страна на приказната. Наводно, добивал многу повносни понуди од америкнските телевизии, од кои некои биле и милионски, но тој сите ги одбил.

Продуцентите на емисијта за снимањето не го известиле кралското семејство бидејќи мислеле дека во тој случај Маркл нема да сака или нема да смее да гостува.

Така ниту Меган не знаела дека нејзиниот татко ќе се појави на телевизија ниту што ќе каже, а Маркл се надева дека не ја навредил или ги повредил нејзините чувства.

Така меѓу другото открил дека Хари по телефон ја побарал раката на Меган, а тој се согласил откако принцот му ветил дека никогаш нема да крене рака на неговата ќерка.Но, открил и дека Меган веќе некое време сака деца па е сигурен дека кога-тогаш ќе ги има.

Томас Маркл открил и дека никогаш не го запознал Хари, но дека тој и Меган му простиле што ги продавал фотографиите.

Коментари

Популарно