ВИДЕО: Собранието го изгласа договорот со Грција - сите гласаа ЗА

Сите присутни  69 пратеници гласаа „за“ ратификација на Договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името.

Премиерот Заев пред самото гласање се обрати пред пратениците и соопшти дека Североатлантскиот совет донел политичка одлука, поканата за НАТО за Македонија да биде ставена на дневен ред на самитот.

Тој на крајот им се заблагодари на сите граѓани, на помалите етнички групи за поддршката, како и на министрите кои биле вклучени во целиот преговарачки процес. Заев им се заблагодари на на опозицијата и претседателот на државата, кои како што рече биле во овој процес. На крајот, се заблагодари и на како што ги нарече партнерите во Грција, со кои постигнале Договор кој е од корист за двете страни.

Најави дека сега на земјата и претстој процес на реформи и економски напредок.

-Покривот се поправа додека грее сонце, а не додека врне дожд или снег. Ајде да го поправиме и да го ставиме покривот на нашата заеднничка Македонија Да не дозволиме тој никогаш да ни прокиснува. По денешното гласање, референдумот, уставните измени и ратификацијата во Грција, сонцето ќе изгрее, но дали ќе не огрее нас и нашите деца. Затоа да бидеме исправени пред одлуката и конечно да бидеме нормална земја, со тапија, која ќе биде еднаква со сите, ќе го јакне нашиот идентитет и ќе бидеме горди граѓани на нашата Македонија, рече Заев.

Со Договорот официјално име ќе биде Република Северна Македонија, јазикот македонски и идентитетот Македонски/ граѓани на Репулика Северна Македонија.

Премиерот Зоан Заев во воведното обраќање ги повика граѓаните да гласаат за Договорот на рефрендумот, бидејќи како што рече „потпишавме договор со кој се означува почеток на крајот на неизвесноста и на трауматичен период со кој постигнавме достоинствено решение на двете страни . Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови“, кажа Заев.

ВМРО ДПМНЕ не присуствува на седницата, зашто според нив, овој Договор е штетен и капитулантски, а власта го прекршила Уставот и процедурите за да го ратификува.

По ратификацијата на Договорот македонските власти треба да ја известат Грција дека Договорот е ратификуван во Парламентот, по што Атина ќе испрати известување до Европскиот совет и до генералниот секратар на НАТО дека веќе нема пречки за вроатлантската интеграција на земјава.

Европскиот совет одлучува на самитот на 28 јуни дали ќе ни додели датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Во вторник седница ќе има Советот за општи работи на министрите за надвореши работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург кога исто така ќе се одлучува за пристапните преговори на Македонија.

Коментари

Популарно