Спасовски: Полицијата не реагираше на време при неодамнешните протести пред собранието!

Никој кој нападнал полицаец или витална институција нема да биде амнестиран туку ќе биде приведен. Се подготвува пријавата и за лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за 1ТВ.


- Приведовме 26 лица од кои се идентификувани во масата 12 лица. Материјалите се предадени во јавно обвинителство, денеска цел ден колегите работеа на снимнките и сите кои ке бидат идентификувани ќе бидат приведени и предадени на јавното обвинителство. Го гледавте и лидерот на политичка партија Единствена Македонија како се качува на хермелин, тоа е директно попречување на службено лице во вршење на службена должност. Никој нема да биде амнестиран и за него се чека постапката и се чека реакција од јавното обвинителство. Секој еден кој направил вандализми е приведен или ќе биде приведен. Нас не не интересира дали е член на политичка партија или на навивачка група. Сите луѓе кои учествуваат на протести мора да го знаат тоа, рече Спасовски.

Тој упати апел до сите демоснстранти кои сакаат да се пресметуваат со полицијата, да размислат со своја глава дека кога ќе направат престап мора да одговараат. Потсети дека и на 27 април политичарите се оградија од насилниците.

Според Спасовски реакцијата на полицијата била како по учебник, дури и не реагирала баш на време бидејќи еден час била напаѓања од демонстрантите.

- Самиот факт дека имаме 10 повредни полицајци, еден потешко со напукнување на потколеница, другите девет со полесни повреди, имавме јавено во медицинските установи седум граѓани од протестантите говори дека полицијата реагирала и не баш на време. Тоа е показател дека толеранција имало, но таа во ниеден момент не може да биде злоупотребена, рече тој во интервју за 1ТВ.

Коментари

Популарно