Cнег на Балканот - студен бран се движи кон Македонија

Ова утро студениот бран од север кој е во склоп со циклонот Силвија започна да продира на Балканот со што на Словенските планини поради наглиот и голем пад на температурите започна да врне снег.

Студениот бран се движи кон нашата држава и ќе стигне оваа вечер, а особено во текот на ноќта кон утрешниот саботен ден, вели метеорологот Славчо Поповски.

Од УХМР најавуваат засилен северен ветер во сабота, кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи. Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.

Коментари

Популарно