(ВИДЕО) Евтино на СП во Русија: Сместување за 540 денари во вселенски капсули

Само 6 дена остануваат до почетокот на СП во Русија, а тамошните угостители се подготвени за реки од луѓе кои ќе ја посетат оваа земја во текот на наредниот месец. Капацитетите за сместување се скоро целосно исполнети, но Русите смислија креативен начин да ги сместат оние најверни фанови кои сакаат да го проследат Мундијалот.

Еден руски бизнисмен реши да направи нискобуџетен хотел во градот Јекатеринбург кој ќе претставува идеално решение за сите посетители на Светското првенство.

Наместо соби, хотелот е исполнет со капсули кои потсетуваат на оние од научно-фантастичните филмови за вселената. Во овие капсули посетителите ќе имаат пристап до телевизија, клима-уред и сеф во кој ќе можат да ги оставаат нивните работи. Многу од гостите го доживуваат хотелот како атракција.

„Никогаш не сум видел нешто вакво. Ова е сосем нов начин на сместување и навистина е интересно да се престојува тука”, вели Олга Гарашенко, една од посетителите на хотелот.

Коментари

Популарно