Народот бара оставка од првиот човек на МВР, Спасовски

„Јас сум една од многуте кои само поради љубовта кон татковината, станавме жртви на тенденциозно и насочено насилство од македонска полиција. Вистината се прошири во светот за прекумерната употреба на сила. Уште на почеток на нашата државност не можеа да поднесат сонце од Кутлеш, но не можеа да му забранат на сонцето да продолжи да не грее. На нас е да ги одбраниме достоинството, честа и иднината. Да ја одбраниме вистината, која сакаат да ја обезличат како Јуда за 30 сребреници. Мора да се обединиме и сплотиме за достоинствена иднина“, порача преку видео-порака актерката Арна Шијак на вечерашниот протест пред собранието кој се одржува против промена на уставното име.

Учесниците на протестот најавија кривична пријава против првиот човек на Бирото за јавна безбедност и побараа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради прекумерна упоребна на сила од страна на полицијата на протестите.

Извикувајќи „оставка, оставка“, тие упатија и барање до медиумите и новинарите да работат чесно.

Коментари

Популарно