(ГАЛЕРИЈА) Каролина Гочева пред фото објективот како светски познат модел

Нежна, природна, харизматична, македонското девојче во едно поинакво издание. Наместо пред камерите, Каролина Гочева застана пред фото објективот за новата фотосесија на еден познат моден бренд. Во оваа фотосесија Гочева е преставена во сосема природно издание. Порачува „денот да го започнете со насмевка“. Уживајте во фотографиите на кои се гледа дека Каролина навистина уживала во овој предизвик.

Во неодамнешното интервју Каролина зборуваше за тоа како е да се биде одмерена личност која не ја следат многу скандали и приказни.

– Јас сум приватен тип на човек. Не ми се допаѓа прекумерно експонирање во секојдневието, што не значи дека ми пречи што некој друг тоа го прави со својот живот, едноставно јас сум некој што знае да повлече црвена линија кога се приватноста и професијата во прашање и очекувам и тие кои ме познаваат да го почитуваат тоа. Од друга страна, никогаш не сум го криела приватниот живот, само сум се трудела деталите да ги сочувам за себе.

Извор: 1ТВ

Коментари

Популарно