(ФОТО) Дуа Липа предизвикала бес во Србија: Гоца Тржан со драматичен предлог за пејачката!

Како што е веќе познато репрезентацијата на Србија беше поразена со 2:1 од Швајцарија, но головите за швајцарците ги постигнаа Шаќири и Џака, фудбалери со албанско потекло. Џака после голот на градите со рацете формирал орел, национален симбол на Албанија.

Орелот на градите на Џака го коментираат бројни новинари и навивачи,а Дуа Липа, светски позната пејачка, е горда на овој потег на својот сонародник. Пејачката на својот Инстаграм стори објавила фотографија на која и’ Шаќири и’ Џака го покажуваат знакот, а се’ украсила со знамиња на Албанија.

Нејзиниот потег ја збеснал српската јавност а навијачите го „окупирале“ нејзинот профил на Инстаграм каде на последните неколку фотографии ужасно ја наредуваат и пцујат, на национална основа. За се’ се огласила и српската пејачка Гордана Тржан која би го забранила емитувањето на песните на славната пејачка на тамошните радио станици. Но, и’ Тржан со објавата си предизвикала низа негативни коментари…

Коментари

Популарно