Никако не ги купувајте овие цигари: Предизвикуваат полош вид на рак на белите дробови

Иако на интернет секојдневно може да се прочита кои се последиците од конзумирање на цигари, се чини дека тоа пушачите не ги загрижува многу.

Иако општеството секојдневно на разни начини се бори со намалување на овој вид зависност, бројот на пушачи не се намалува.

Многу пушачи конзумираат така наречени „лајт“ верзии на цигари, мислејќи дека се поздрава варијанта поради помалото количество на катран во нив.

Меѓутоа, научниците претставија истражување во кое откриле дека конзументите на ваков вид цигари имаат поголем ризик од добивање рак.

Лајт цигарите со дупче на средина уште пред 50 години се претставени како поздрава верзија на цигари, но овие дупчиња им овозможуваат на конзументите да вдишат поголема количина на дим од цигарите, дим кој содржи високо ниво на хемикалии и токсини.

Токму тоа дупче им овозможува на цигарите побрзо да горат и така создаваат канцерогени материи кои доаѓаат до човечките бели дробови.

Коментари

Популарно