Студен и облачен летен ден

Денеска е понеделник, 25 јуни 2018 година, 176-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 189 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 17 часот и 41 минута, а ќе зајде во 3 часот и 13 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од седум до 16 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 12 степени, а дневната 23 степени.

Според УХМР, од утре до среда нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог).

До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст. 

Коментари

Популарно