Италија: Земјите членки на ЕУ или да си прифатат дел на мигранти или...

Италија сака сите земји на ЕУ да прифатат свој дел од економските мигранти кои влегуваат во тој блок, или да добијат помалку пари од Унијата, се наведува во предлогот кој италијанската влада го подготви за состанок со групата лидери на ЕУ за мигрантите. 

Во документот, кој ќе им биде претставен на 15 лидери на ЕУ, кои се дојдени во Брисел со намера да најдат начин да ја намалат загриженоста поради големите миграции во неколкуте земји, наведени се 10 точки по кои смета Рим дека треба да се реши проблемот.

"Секоја земја утврдува влезна квота за економските мигранти", се наведува во документот, во кој Ројтерс денеска имал увид. Тоа ќе биде принцип кои ќе мора да се почитува, но за земји кои нема да дозволат прифаќање на бегалците ќе подлежат на "адекватни контрамерки" а се однесуваат на добивање пари од фондовите на ЕУ.

Во документот јасно се става до знаење дека Италија сака промена на т.н. Даблински пропис, по кој се утврдуваат правилата за решавање на прашањето за мигранти кои бараат азил и мигранти кои доаѓаат во ЕУ. 

Спрема сегашните правила, прва земја во ЕУ во која емигрант ќе бара азил, одговорна е за неговото барање на азил.

Меѓутоа, во италијанскиот документ се истакнува дека, "кој доаѓа во Италија, стигнува во Европа", со што особено се нагласува дека во ЕУ би требало да има зедничка одговорност за оние кои се спасуваат на море.

Италија истакнува дека во прашање е Шенгенската зона. Во документот, исто така се повикува на формирање центри за мигранти и во други земји во Европа, притоа тоа прашање да не се ограничи само на Италија и Шпанија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте неодамна изјавил дека на состанокот на групата лидери во Брисел, ќе изнесе сосема нов предлог за заедничко решаение по прашањето за мигрантите. 

"Називот на тој предлог е Европска стратегија за миграција на повеќе на нивоа". Содржи шест услови и 10 цели. Насочен е на прецизно политичко регулирање и управување со мигрантските текови на ефикасен и одржлив начин", појаснил Конте.

Тој додава дека, италијанскиот предлог има за цел преживување на Даблинските прописи кој "се заснива на логика која се базира на вонредни ситуации, додека во реалноста сакаме проблемот да го решиме на структурен начин".

Нашето јавно мислење тоа го бара од нас", истакнал италијанскиот премиер.

Коментари

Популарно