Водителот Марко Новески револтиран: Полицаецот ни рече „Доста се расправате, си имам јас друга работа“

ТВ и радио водителот Марко Новески, кој публиката го запозна во ТВ шоуто Дај побрзај, имал сообраќајна незгода во Скопје во која според неговото раскажување на социјалните мрежи, полицските службеници реагирале крајно незаинстересирано и несоодветно.

– При обид да го поминам пешачкиот премин (кој е обележан со велосипедска патека) кај Холидеј Инн, за малку ќе бев удрен од такси возило при што паднав и го оштетив велодипедот. Во истиот момент се собраа негови колеги кои пробаа со физички закани да ме “убедат” дека нивниот колега бил во право…

– Сведоци на ова беа и припадници на полицијата кои изреагираа – цитирам: Ај доста се расправате, си имам јас друга работа!- и само си отидоа. Во целата оваа ситуација еден од таксистите си дозволи да ми рече (иако беше паркиран на самиот пешачки, а јас пробав да му посочам) дека нема закон кој му забранува да биде таму паркиран (алудирајќи дека него никој ништо не му може)… Сега ќе посочам, а следниот пат ако МВР не реагира и не го земе законот во свои раце, ЈАС ЌЕ ГО ЗЕМАМ, напиша Марко.

Ваквиот статус наиде на доста реакции и коментари на социјалната мрежа, пред се со револт кон целокупното однесување на инволвираните.

Коментари

Популарно