(ГАЛЕРИЈА) Лука Лазукиќ ја изневерувал Наташа Беквалац со оваа позната актерка

Лука Лазукиќ и Софија Рајовиќ биле во врска во 2015 година, а романсата ја обновиле кога Наташа се породила со Катја, дознава српски „Блиц“.

Лука, судејќи според се, во текот на бракот со Наташа живеел како ерген. Веќе е познато дека излегувал секоја вечер, ја изневерувал сопругата и тоа со повеќе девојки-тоа сега се дознава. Како што пишува српскиот весник „Блиц“ непосредно откако Наташа ја родила ќерката Катја, Лука ја изневерил со актерката и водителка Софија Рајовиќ.

-Лука и Софија се во врска од 2015 година, но никој не знае за тоа освен нивните блиски пријатели. Тој во тоа време не и беше познат на јавноста, па можеше слободно да се појавува во јавност со Софија. Веројатно во тој период настанале вашите фотографии. Не знам колку долго биле заедно, но Софија премногу зборуваше за него во тој период, вели нивниот извор.

Софија и Лука и понатаму останале во контакт.

-Тие останаа во контакт бидејќи имаат некои заеднички пријатели. Романсата ја обновија непосредно откако Наташа се породи со Катја. не знам колку траела врската, но не се појавуваа во јавност. На Лука и на Софија секако нема да им биде драго што оваа приказна излезе во јавност, додава изворот.

Коментари

Популарно