„Ако вистински го познававте, ќе пробавте да му помогнете!“

„Е како бе!? Е така! Затоа што сме сами, некои среќни, некои изгубени. А некои се борат со такви бесови во себе – крвта да ти се заледи. Толку се натажив што сфатив колку се измачил да ми се насмевне кога пред два дена се сретнавме и кратко одевме заедно. Колку сме само исплашени и сами – сите некогаш. Колку си ја криеше изедената душа. Ох, бе Влатко, толку ми е жал..." – напиша на социјалните мрежи блиска пријателка на Влатко Илиевски, македонскиот пејач и актер кој беше пронајден мртов во својот автомобил. Полицијата соопшти дека не нашла траги на насилство на неговото тело.

„Многумина пишуваат за убавите спомени и дружби со секогаш насмевнатиот Влатко, но има и такви кои меѓу редови кажуваат дека Влатко имал проблеми со кои се обидувал да се справи, но осаменоста и патот во потрага по решение на безизлезноста го одвела во погрешен правец. Пријатели имал многу, но и пријатели малку. Сега сите ископајте слика од нафталин со Влатко, каде случајно сте го сретнле..Да, со него лесно се разговараше, не беше суетен, сакаше да се фотографира..

Ама вистински да го познававте, ќе пробавте да му помогнете. Треба да ги препознаеме.. Ги има многу.. Да им подадеме рака пред да биде доцна. Животот е убав, да го живееме!

Почивај во мир Влатко ни небото не е лимит.."

Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота" синоќа околу 23 часот на булеварот . „3-та Македонска Бригада", соопшти обвинителството.

Погребот на пејачот ќе биде утре на пладне на гробиштата во Ѓорче Петров.

Коментари

Популарно