Без заобиколување: Сани директно им го плесна на душманите

Фолк пејачката Сани Гроздановска важи за една од најпровокативните меѓу колешките, но таа не само што е храбра кога е провокацијата во прашање, туку таа нејзина карактеристика ја има и во односот кон луѓето.

Досега неколкупати јавно му кажала на сопругот кога нешто не и се допаѓа или обратно, а тоа умее да го направи на духовит начин.

Овој пат нејзината директна објава, без заобиколување беше упатена кон оние што не многу ја обожаваат или народски кажано кон душманите.

-На душманите им се смеам у фаца не позади грб, порача Сани, а со тоа покажа дека и кон оние злонамерните не е дволична, туку игра со отворени крати.

Е сега дали ова е доблест или мана, секој различно ќе си сфати.

Коментари

Популарно