ВИДЕО: Тежок НОКАУТ - Вељко го испрати Италијанецот во болница

Синот на Цеца и Аркан, српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ ја забележа третата победа за само неколку месеци, поведувајќи италијанскиот боксер Данило Станоче. Мечот во Јагодина се заврши во две рунди, а Ражнатовиќ доминираше. 

Клучниот напад се случи во втората рунда, кога тој го прати противникот на подот, а судијата ја прекина,прогласувајќи го Србинот за победник со технички нокаут. Италијанскиот боксер не можеше да стане, а лекарската екипа брзо реагираше. Нокаутираниот боксер на носилки беше изнесен од рингот и пренесен во болница.

Вељко пред неколку месеци ја започна боксерската кариера, а ова беше негова трета борба и трета победа.

Коментари

Популарно