Саше Политико: Драги КОМИТИ, вие го убивте малиот Саздо!

Саше Политико на својот портал, Мактел.мк, им порача на членовите на навивачката група Комити, дека тие го убиле својот другар, Никола Саздовски. Смртта на момчето, кое вчера почина по нападот од тројца членови на навивачката група Шверцери и за кое истиот Саше пишуваше дека е измислен настан, сега новинарот се обиде да ја сврти кон најверните на Вардар.

Многу лутина и бес кон мене денеска, затоа што по грешка објавив сторија дека Саздо не е тешко повреден, добив таква дојава од луѓе и за тоа се извинив. За жал згрешив. Во новинарството се случуваат грешки, и за јас за тоа се извинив.

Но, кога веќе ја отвораме темата смрт на Саздо од Автокоманда, ајде да дебатираме, кој го уби и кој е виновен за неговата смрт?

Дали го убив јас или помогнав да биде убиен? Или тоа го направија самите КОМИТИ а и сите оние кои сега плачат најсилно по неговата смрт?

Кој ширеше национализам и омраза кон Албанците? Кој пееше СМРТ ЗА ШИПТАРИ? Кој пееше МРТОВ ШИПТАР, ДОБАР ШИПТАР?

Што мислите, тие песни, таа омраза, што ќе предизвика, љубов или омраза?“

Пишува Политико во својот текст, во кој освен во Комити, вината ја наоша и во Миленко Неделковски, Трендо, ВМРО ДПМНЕ, Курир, Јанко Илкковски. 

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Коментари

Популарно