По потресните статуси за смртта на Влатко Илиевски, Мартин Мила ја чепна македонската естрада таму каде што најмногу боли?

По веста за смртта на македонскиот поп – рок пејач Влатко Илиевски, голем дел од неговите колеги од македонската естрада и јавниот живот со потресни и трогателни статуси на социјалните мрежи се простуваа(т)  од него!

Пејачи, пејачки, музичари, ТВ водители, актери, модели… на своите профили напишаа зборови на последна почит за нивниот колега, пријател, и соработник кој прерарно го заврши животот.

И навидум сето тоа изгледа достоинствено, зашто човечки е достоинствено и да се простиш од некого со кого си се знаел, дружел, соработувал, делел иста сцена, иста маса, шанк, улога, микрофон… Но дали сите беа и се искрени во своите зборови, во својот напишан статус, во своето сочувство со семејството, во емоциите кон починатата личност? Или можеби беа само лицемерни, а искрени во почитта онолку, колку што вистински го почитуваа и додека Влатче беше жив? Без оглед на сите негови доблести и маани, предности и недостатоци, убавини и пороци…?

Постои една позната изрека која вели: „За покојниот – се’ најдобро“ ! И најдобро е да остане така. Но, сепак останува и нешто друго, некаква горчина во грлото, црв на сомнеж што останува да не јаде, огорченост која е посилна од она што треба да остане пикнато под тепих… Нешто, со кое не може секој да се согласи, да се помири, да го премолчи… Се разбира, доколку е навистина тоа така.

А тој, колегата на сега покојниот Влатко Илиевски по глас и гитара, музичарот и пејач Мартин Мила, за разлика од сите останати имаше многу поинаков статус на својот Фејсбук профил, кој го објави по сите други објавени проштални статуси на македонската естрада! Упатен на дел од нејзините протагонисти, без да апострофира и потенцира по име на кого се однесува, Мартин Мила сепак чепна по раната која најмногу боли…

Имено, тој на својот Фејсбук „рафално распали“ по колегите обвинувајќи ги за лицемерие и перење на совеста. Еве го неговиот статус:

Бил во право или не, на кого точно мислел, кои се тие и што се’ знаеле за Влатко, дали навистина му зборувале и правеле нешто зад грб…? Останува времето да открие или можеби, велот на мистеријата да замине засекогаш во заборав. За да го паметиме Влатко онаков, каков што всушност и беше: весел, ведар и насмеан…Чиста душа!  Добар за сите, освен за… себе!

Коментари

Популарно