Кратко хумористично писмо од една очајна снаа

Кратката исповед на една снаа се прошири вирално по социјалните мрежи. Зошто најтешката работа на светот е да бидеш снаа?

Една снаа искрено објаснува зошто мисли дека најтешката работа на светот е да бидеш снаа:

Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна ќе ти дојде преку глава и ќе сакаш сите да ги „испратиш по ѓаволите“.  Бидејќи ако си слаба, тогаш си премногу слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако си необразована, зошто не си учела, ако си образована, зошто не си посветена домаќинка.

Ако си убава, не чини ќе те гледаат, ако си запуштена, зошто не внимаваш на себе. Ако куќата ти е средена, може да биде уште посредена, ако не е, срам си за куќата.

Децата не ги доиш правилно, не ги облекуваш добро, не ги храниш доволно и не ги воспитуваш како што треба.

Ако не правиш зимница, срам да ти е, ако правиш зимница, не ја правиш како што треба. Ако правиш колачиња, не се доби како нејзините, ако нарачуваш колачиња, мрзлива си.

Нејзиниот син е син над синовите и никој не може да го сака толку многу како таа и да се грижи толку добро за него како таа, затоа залудно се трудиш.

Коментари

Популарно