Не е како на порно филм: Вака излега групен секс во реалноста

Уште древните Грци, Римјани и Египќани имале сексуални склоности и еротски обичаи кои и денес ја разгоруваат фантазијата и претставуваат табу. Денес се` поотворено се зборува за секс во тројка, но и повеќе луѓе, разни оргии и секс забави кои се организираат во затворени друштва со правила на дискреција.

Но, како всушност изгледаат оргиите? Интернет анонимноста им овозможи на корисниците на социјалната мрежа Reddit да го споделат своето искуство од таквите забави, а некои од нив откриваат дека не е се` така секси и гламурозно како што звучи.

» Јас и мојата сопруга бевме дел од свингерска заедница, но на крајот се повлековме. Луѓето таму премногу бараат, а нам не` интересираше повремена секс забава, а не постојано да ни доаѓаат дома на кафе, ручек и слично, не сакавме да бидеме пријатели. Освен тоа, налетавме на некои двојки кои сакаа аранжман како да сме во врска, а свингерството и обврските некако не ни одеа заедно.

» Вообичаено е на оргиите да се носат маски. И, да се разбереме, тоа не е поради анонимноста.

» Кој сака секс без кондом, мора со себе да носи медицински документи кои тоа го докажуваат со неодамнешен датум. Но, и тогаш е прашање дали некој ќе сака секс без заштита, луѓето се добро свесни за ширењето на сексуални болести.

» Толку различни мириси, а ниту еден од нив не е пријатен и се засилуваат како што траат оргиите. Делови од тела се приближуваат едно до друго, па често лицето ви завршува во близина на гениталии на пол кој не ве привлекува. На крајот сте прекриени со телесни течности од глава до пети и се обидувате да не се лизнете на искористените кондоми.

» Не беше никакво посебно искуство, повеќе како просечен секс помеѓу неколку испотени луѓе во соби со отворени врати.

Коментари

Популарно