Ништо од летувањето со ќерките? Лука мора да одобри, а Катја не ја видел со месеци

Наташа Беквалац ова лето нема да ги носи ќерките Хана и Катја на одмор, затоа што и’ е потребна дозвола од нејзиниот се’ уште законски сопруг Лука Лазукиќ за да го пренесе бебето преку граница, а со него е на суд поради семејно насилство.

Популарната пејачка Наташа Беквалац планирала, по стресниот период, кон крајот на летото да отпатува со ќеркичките на одмор во Грција, но, како што пренесува курир.рс, тоа нема да се оствари. Имено, Наташа не сака да бара што било од својот сопруг Лука Лазукиќ со кого се суди поради семејно насилство.

''Наташа многу сакаше да ги однесе ќерките на летување кон крајот на август кога ќе има неколку слободни дена поради завршувањето на летната турнеја. Гледаше некои аранжмани и за малку ќе уплатеше во еден хотел во Грција, но сепак одлучи да не бара дозвола од Лазукиќ за пренесување на бебето Катја преку граница“, открива доброинформиран извор, и додава:

''Прво би морала да поднесе барање на суд кое таткото на девојчето, во овој случај Лазукиќ, би требало да го одобри. Но таа не сака да влегува во какви било дополнителни преговори со него, ниту да се среќава со него на суд, освен кога е неопходно, па затоа се откажа од одморот. Хана беше малку разочарана, бидејќи веќе испланираа летување, но Наташа и’ вети дека ќе и’ надомести. Наташа навистина не е во состојба повторно да се среќава со Лука, ниту, пак, да бара нешто од него“, тврди соговорникот.

Коментари

Популарно