(ВИДЕО) Змии направија колапс во сообраќајот, возачите чекаа да заврши нивната „акција“

Две кралски кобри направија сообраќаен колапс кога решиле да се парат среде прометен пат во Калифорнија.

Рептилите очигледно не биле спречени од гневните возачи кои морале да ги застанат автомобилите и да почекаат змиите да земат здив во љубовниот занос.

Корбин Голдсмит (26) решил да ја сними оваа необична акција на автопатот, пишува Дејли Мејл. Според негови зборови, двете змии го стопирале сообраќајот на десетина минути.

– Тргнав да се најдам со пријателите, кога ги видов на патот. Го паркирав автомобилот и излегов да видам за што се работи, но змиите не мареа на околината. Решив да ги снимам, рекол тој.

Во почетокот мислил дека се борат, но набргу сфатил дека е во прашање љубовна акција.

– Кога завршија секоја отиде на својата страна, раскажува тој.

Кога на акцијат аи дошол крајот конечно возачите можеле да го продолжат патот.

Коментари

Популарно