Од одење по бајачки, заглавуваат на психијатрија

Во Македонија има голем број бајачи и гатачи кои наводно можат да ви помогнат доколку имате здрвствен проблем, да ви помогнат да најдете работа, да најдете решение за вашите љубовни проблеми, или да уништат некоја магија ако ви е направена.

Од Црквата предупредуваат дека не треба да им се верува на овие лица и дека таквите треба да се избегнуваат.

Голем дел од нив тврдат дека на сон им се прикажало да изградат црква на одредено место, да откријат некоја света вода и така затскривајќи се свесно или несвесно зад религијата тие ги мамат луѓето да побараат од нив помош за својата мака, а, се разбира, услугите ги наплатуваат.

Има разни бајачи и гатачи кои се измамници и кои тоа го прават исклучиво поради материјален интерес, да заработат пари. Но, голем дел од нив се сериозни бајачи и гатачи кои сониле да изградат црква, да откријат света вода или добиле дарба да претскажуваат. Многу од нив велат дека имале контакт со некои од светителите, како на пример Свети Ѓорѓија, Богородица, Света Петка, кои им наредиле да претскажуваат, не им давале мир во умот, слушале гласови и ги терале да им служат, во спротивно ќе ги казнат.

Коментари

Популарно