Денес започнува фестивалот „ПИВО ФЕСТ“ во Прилеп

Пиво фест е фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти од градот. Фестивалот е од отворен тип и се одржува во центарот на градот.

Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители.

Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Познат е по добрата забава, скара, ладното пиво и секако по масовната посетеност.

Коментари

Популарно