Ѕвездите на Гранд нема да бидат повеќе исти

Популарното жири од "Ѕвездите на Гранд" од септември во новата сезона нема да биде како во досегашниот состав.

Жирито кое последните три години го гледавме на сцена на "Ѕвездите на Гранд, а кои го сочинуваа Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Јелена Карлеуша, Вики Манојловиќ, Аца Лукас и Драган Стојковиќ Босанац, од нредната сезона која почнува на есен нема повеќе да биде во ист состав, бидејќи еден од членовите поради кавга одлучил да го напушти шоуто.

Наводно станува збор за Аца Лукас, кој се скарал со Јелена Карлеуша, а потоа и со Саша Поповиќ.

Иако, биле добри пријатели, Карлеуша и Лукас се скарале откако дала изјава за еден неделник, дека ако сакала можела да има премиера на својата песна во финалето на "Ѕвездите на Гранд, наместо Аца и Милица Павловиќ..

Како што се дознава, Лукас поради кавга со Јелена влегол во конфликт и со Саша Поповиќ, која била и пресудна да донесе одлука да го напушти жирито во "Ѕвездите на Гранд, и да не биде дел во следната сезона.

Коментари

Популарно