Јоци: Зоки, а бе во реалноста, деца ти убиваат по улици и ти се тепаат по автобуси, ти ќе се журкаш на покани

„Зоки ќе правел журка во 15 градови со 40 артисти затоа што сме добиле условена покана од НАТО !?!

Фикции на сите страни и дебело преплатена пропаганда да го прикажува ,,пеколот како рај" ( изживеана пропаганда од тоталитарни држави).

Оваа Влада си живее во меур од сапуница. Плата даваат од 500 евра, покачиле пензии, не' внеле во НАТО И ЕУ, донеле инвестиции, злато ископале, нафта шика во секое маало, ни донеле гас, решиле загадување, време им е за журки на сите страни.

Зоки, а бе во реалноста, деца ти убиваат по улици и ти тепаат по автобуси, ти ќе се журкаш на покани.“

Коментари

Популарно